March 28, 2024, 10:07 am

Зaпoчнa вakцинaциjaтa нa млaдитe oд 12 дo 17 гoдини вo зeмjaвa, интepecoт e мнoгy мaл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многу мал интерес кај младата популација за имунизација против ковид-19 на првиот ден од нивната вакцинација. Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ досега се пријавиле 1.800 млади лица на возраст од 12 до 17 години. Слабиот одзив на младите резултираше со тоа на вакциналните пунктови денеска да нема никаква гужва, иако здравствените власти во неколку наврати досега апелираа и младите лица на оваа возраст да се вакцинираат против ковид-19.

Најголемиот број од пријавените млади лица се од Скопје, кои се имунизираат против ковид-19 на вакциналните пунктови во поликлиниките Букурешт, Јане Сандански, Чаир и Бит Пазар. Денеска се вакцинирани млади на возраст меѓу 16 и 17 години. Вакцинацијата се одвива на доброволна основа, додека на оваа возрасна категорија во Македонија им се нуди единствено вакцината на „Фајзер“.

Здравствените власти во земјава ја започнаа вакцинацијата на младите, откако и странските влади одлучија дека вакцината против ковид-19 со „Фајзер“ е ефикасен начин за спречување на ширењето на ковид-19 помеѓу целата популација. Младите лица кои ќе биде вакцинирани се важната алка за да се спречи натамошното ширење на вирусот, особено доколку наесен почне образовната настава од училишните клупи. Досегашната пракса со заболувања од ковид-19 кај децата покажа дека тие развиваат блага до средна клиничка слика и ретко имаат потреба од хоспитализација.

Сепак, од мај годинава Канада одлучи да ги вакцинира децата на возраст од 12 до 15 години со вакцината на „Фајзер“, а идентична одлука донесоа и САД. Во Германија, властите препорачуваат да се вакцинираат децата со коморбидитети меѓу 12 и 17 години, додека од соседството и Србија ја одобри вакцинацијата со „Фајзер“ на децата постари од 12 години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This