дома Актуелно Зapaзени две наставнички, 15 првачиња од ОУ „Гоце Делчев“

Зapaзени две наставнички, 15 првачиња од ОУ „Гоце Делчев“

15 првачиња од ОУ „Гоце Делчев“ од скопски Центар од синоќа се во 14-дневна изолaција, откако две наставнички се зapaзиле со коронавирусот, пренесува ТВ24.

Информицијата за ТВ 24 ја потврдиле дел од родителите на децата, а неофицијално, не се исклучува едната наставничка да се заразила од другата.

Велат исплашени се бидејќи освен што постои ризик децата да се заразат, биле и во контакт со бабите и дедовците.

Информацијата за ТВ 24 ја потврди и градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ. Вели дека првачињата се во изолација, а на наставничките им се прави уште еден контролен тест, по што ќе има и повеќе информации.