дома Македонија Зoштo oвoj jyнaк дeнec никoj нe гo знae?: „Heмa пoтpeбa пoвeќe дa...

Зoштo oвoj jyнaк дeнec никoj нe гo знae?: „Heмa пoтpeбa пoвeќe дa ни дoaѓaтe вo пoмoш, ќe изгинeмe зa Мaкeдoниja“

Се ближи годишнината од грозоморниот масакр кај Вејце каде осуммина бранители маченички си го дадоа животот во одбрана на суверенитетот и интегритетот на Македонија…

Да се потсетиме на ликот и делото на ИЛЧЕ СТОЈАНОВСКИ, неговите последни зборови вечно нека им одѕвонува во ушите на оние кои ја продадоа патролата кај Вејце и ги испратија во маченичка смрт. Уште при првите истрели, тројцата полицајци Марјан Божиновски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, зазеле позиции зад возилото, но, за жал, брзо се здобиле со тешки рани од кои некои се смртоносни. Четвртиот нивни колега Илче за време на заседата кај Вејце успеал да се повлече и да стигне до третото возило „хамер“, каде што заедно со ранетиот „волк“ Игор Костески давале отпор. Преку мобилниот телефон Илче Стојановски се јавил на двапати кај неговиот претпоставен во базата во Тетово и му пренесол дека се нападнати, дека има ранети и загинати и бара да им се испрати итна помош, која за жал, не ја добиле.

Кога Илче сфаќа дека патролата е предадена од македонски началници и дека намерно се пратени во смрт, уште еднаш очајнички и беспомошно се јави гласот на Илче преку радиостаница: НЕМА ПОТРЕБА ПОВЕЌЕ ДА НИ ДОАЃАТЕ ВО ПОМОШ. СИТЕ ЌЕ ИЗГИНЕМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА. И радиостаницата замолкна.