дома Свет Иванка Трамп со широка насмевка ја отвори амбасадата во Ерусалим додека гинеа...

Иванка Трамп со широка насмевка ја отвори амбасадата во Ерусалим додека гинеа луѓе на Појасот Газа

Ќерката на претседателот на САД, Иванка Трамп, ја откри плочата на ѕидот од зградата во која ќе биде сместена новата американска амбасада во Еруслим. Свеченоста на отворање на амбасадата се случуваше во исто време додека на околу стотина километри, во Појасот Газа, беа убиени над 50 Палестинци, а илјадници ранети од израелската војска.

Настанот ќе биде одбележат со крвта на Палестинците кои протестираа против отворање на амбасада на САД во Ерусалим. Со овој чекор САД формално ја признава израелската сувереност во Ерусалим, иако во долгогодишниот спор Палестнците положуваат право на источниот дел од градот кој сметаат дека треба да биде главен град на палестинската држава.

„Во име на 45-тиот претседател на Соединетите американски држави ви посакувам добредојде по први пат во амбасадата на САД овде во Ерусалим, престолнината на Израел“, порача Иванка Трамп на отворањето.