дома КОВИД-19 (Коронавирус) Ивановска зa нaбaвкaтa нa вakцини: Ceтo oвa ja нapyшyвa дoвepбaтa нa гpaѓaнитe...

Ивановска зa нaбaвкaтa нa вakцини: Ceтo oвa ja нapyшyвa дoвepбaтa нa гpaѓaнитe вo инcтитyциитe

Билјана Ивановска од ДКСК во своето гостување во Студио 10 на телевизија 24 зборуваше за скандалите поврзани со набавка на вакцини и министерот Венко Филипче каде посочи дека со ова се покажало дека постои неорганизиран процес околу набавката на вакцини од страна на власта. Според неа сето ова ја нарушува довербата кај граѓаните во институциите.

Не изненадија овие настани и информации од утрово односно повторно се наоѓаме во ситуација односно да видиме дека нашиот систем не функционира, дека постои неорганизиран процес на набавка, дека начинот за набавка на вакцини не е прецизно утврден, ризиците од корупција повторно доаѓаат на високо ниво дотолку повеќе што гледаме дека се набавува од приватни фирми, не се користат стандардните државни канали за набавка на вакцини. Сето ова ја нарушува довербата, на ваков начин извршување на овие активности ја нарушува довербата на граѓаните во институциите, кажа таа.

Ивановска во своето гостување потенцираше дека во последно време многу се зголемиле бројот на вакви случаи.

Некако многу ни се зголемија бројот на случаите во последно време од вакви афери, од кои новинарите ископуваат информации, додаде таа.