дома Македонија ИВАНОВ ВО ПАРИЗ ГОСТИН КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: Франција конечно не...

ИВАНОВ ВО ПАРИЗ ГОСТИН КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: Франција конечно не призна под уставното име?!

На изненадување на Скопје и Атина француската влада вчера за време на прославата на 100 години од крајот на првата светска војна го смени својот официјален став за името на Македонија, пренесува Експрес.мк

На официјалната листа на гости на настанот на кој присуствуваше претседателот Ѓорге Иванов земјава беше прикажана како Република Македонија.

Под притисок на Грција која важи за земја пријател на Франција властите во Париз никогаш предходно не го користеле уставното име Република Македонија на мултилатарални меѓународни настани а официјално земјaва ја признаваат и именувале како Поранешна Југословенска Република Македонија.

Грција во Париз беше претставена од премиерот Алексис Ципрас.

Диоломатскиот преседан се случува во моменти кога Македонија го менува својот устав за да го промени уставното име и една недела откако англиската кралица Елизабета при приемот на агреманите од македонската амбасадорка во Лондон земјава ја именуваше со уставното име.