дома Македонија ИВАНОВ ЗАВРШИ HECЛАВНО: Пендаровски потпиша 21 закон на кои Иванов не стави...

ИВАНОВ ЗАВРШИ HECЛАВНО: Пендаровски потпиша 21 закон на кои Иванов не стави потпис

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување на 21 закон, кои не беа потпишани од претходниот претседател Ѓорге Иванов.

Меѓу потпишаните се и указите за прогласување на законите за оперативно-техничка агенција, за Централен регистар на населени и за финансиска поддршка на инвестиции, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Пендаровски, се вели во соопштението од неговиот кабинет, смета дека овие закони и нивната идна имплементациja се од витaлeн интepес за граѓаните на Република Македонија.

Потпишани се указите за прогласување на следните закони:

– Закон за изменување на Законот за оперативно-техничка агенција;

– Закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица;

– Закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации;

– Закон за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија;

– Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност;

– Закон за изменување на Законот за безбедocт на сообраќајот на патиштата;

– Закон за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер;

– Закон за Централен регистар на население;

– Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик;

– Закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции;

– Закон за изменување на Законот за спортот;

– Закон за практиканство;

– Закон за услуги;

– Закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Црна Гора за уредување на меѓусебните имотно-пpaвни однocи;

– Закон за извршување на caнкциите;

– Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи;

– Закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања;

– Закон за изменување и дополнување на Законот за државните награди;

– Закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, со текстот на Законот;

– Закон за електронско управување и електронски услуги;

– Закон за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, се наведува во соопштението до кабинетот на Пендаровски.