дома Актуелно ИВАНОВ ИМ ЈА ПОКАЖАЛ ВРАТАТА:Претседателот Иванов ќе има обраќање до македонскиот народ...

ИВАНОВ ИМ ЈА ПОКАЖАЛ ВРАТАТА:Претседателот Иванов ќе има обраќање до македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ги прими претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров.

-Информираме дека средбата траеше две минути. Во текот на денешниот ден претседателот Иванов ќе има обраќање до македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, информираат од Кабинетот на Претседателот.

Неофицијално, средбата била во непријатна атмосфера и претседателот Иванов им ја покажал вратата на Заев и Димитров, посочувајќи дека не споделуваат заеднички гледишта со луѓе кои сакаат да ја избришат Република Македонија.