дома Македонија Иванов: Нема да им се извинaм на Захариева и Бакојани, текстот го...

Иванов: Нема да им се извинaм на Захариева и Бакојани, текстот го напишав за да ја здoбoли…

Новинарот Зоран Иванов во емисијата 24 Анализа повтори дека нема намера да се извинува на Екатерина Захариева и на Дора Бакојани за напишаниот статус во кои ги нарече кучки и фиргидни.

-Таман работа, јас сосема смислено го напишав тој пост. Сакав да ја здоболи малку, кога таа навреди цел македонски народи продолжува да навредува. Тоа беа метафори и не знам зошто се навредени. Кучка е карактерна особина, фригидност е состојба на нечувствителност, рече Иванов.

Иванов рече дека и него го погодило дека Екатерина уживала да потенцира дека не постојат македонци, затоа и неговата реакција била таква. Во врска со неговото разрешување од управниот одбор на МИА и смета дека ако тоа придонело за одмрзување на фамата, тоа нека бил негов придонес.

-Се надевам дека на младата министерка во биографијата како поголем успес во дипломатијата, ќе  остане дека успеала во Македонија да смени владин чиновник од 17та позиција, рече Иванов.