Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на покана на Францускиот претседател г. Емануел Макрон, денеска во Париз присуствуваше на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна.
Претседателот Иванов и сопругата, г-ѓа Маја Иванова, изутрината беа пречекани во Елисејската палата од францускиот претседател Макрон и неговата сопруга, г-ѓа Брижит Макрон, по што заедно со присутните шефови на држави и влади се упатија кон Триумфалната капија, каде што се одржа централната свеченост по повод стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна.
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, г-ѓа Маја Иванова, вчеравечер присуствуваше на свечената вечера, што за учесниците на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна, ја приреди Претседателот на Француската Република, г. Емануел Макрон.