дома Актуелно ИВАНОВ: Сакаме интеграција, а не гетоизација на Албанците во Македонија

ИВАНОВ: Сакаме интеграција, а не гетоизација на Албанците во Македонија

Претседателот Иванов ова го изјави за австрискиот весник „Винер цајтунг“

 

Сакаме интеграција, а не гетоизација на Албанците во Македонија, вели претседателот Ѓорге Иванов во интервју за австрискиот дневен весник „Винер цајтунг“.

 – Ние сакаме интеграција, не гетоизација. Доволно е тажно што некои млади Албанци не зборуваат македонски и повеќе се ориентираат кон Приштина и Тирана, отколку кон Скопје, вели претседателот Иванов.