дома Македонија ИВАНОВ СЕ КАЧИ НА ТЕТОВСКОТО КАЛЕ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ: Од Тетово, претседателот...

ИВАНОВ СЕ КАЧИ НА ТЕТОВСКОТО КАЛЕ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ: Од Тетово, претседателот Иванов го честиташе Св.Атанасиј!

Претседателот на Р.Македонија Ѓорѓе Иванов, по повод празникот Св.Атанасиј Велики (Зимски) беше во посета на Тетово каде им го честиташе пранзикот на жителите

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во црквата „Св. Атанасиј” на Тетовското кале присуствуваше на црковно-народната прослава на големиот христијански празник Св. Атанасиј Велики.

Претседателот Иванов во црквата „Св. Атанасиј” присуствуваше на света божествена литургијa и на церемонијата на осветување на празничниот колач.

Македонскиот претседател на присутните граѓани им го честиташе големиот христијански празник и им посака здравје, радост и бериќет.

Претседателот Иванов присуствуваше и на одбележувањето на празникот „Св. Атанасиј Велики” во црквата „Св. Атанасиј” во селото Сараќино, општина Тетово.