дома Социјални Мрежи Иван Стоилковиќ: “Eднo oпштecтвo зa пoлoвинa милиoн eвpa”

Иван Стоилковиќ: “Eднo oпштecтвo зa пoлoвинa милиoн eвpa”

  • На социјалната мрежа Фејсбук, политичарот Иван Стоилковиќ објави статистика од Фондацијата за демократија на Вестминстер, каде секоја година се прават прегледи на новиот Буџет во споредба со буџетот од предходната година. Според Стоилковиќ, она што најмногу боде очи е зголемувањето на ставката број 12 за обележување на годишнината на Рамковниот договор за 6.567 проценти, односно вкупната сума изнесува 500 илјади евра.
  • – Исечокот од сликата што можете да ја видите е од прегледот на Фондацијта за демократија на Вестминстер, која секоја година прави преглед и анализа на новиот Буџет во споредба со буџетот од претходната година.
  • – Но кога внимателно ќе го погледнете предлогот за оваа година освен оние традиционални пресипи од шупљо во празно ставки со плус минус вредности од 5 до 20 проценти, онака упадливо боде очи зголемувањето на ставката број 12 за обележување на годишнината на РАМКОВНИОТ ДОГОВОР за 6.567 проценти или вкупната сума изнесува половина милион евра, пари со кои сосема слободно би можело да се организира евровизијското натпреварување за 2021 година. Не би сакал да глумам популизам и да кажувам каде се приоритетно потребни пари во државта, но.. Може да се види и дека ставката број 11 за промоција на меѓуетничките односи е намалена за 16.67 проценти, а ставката број 13 за унапредување на односите помеѓу заедниците е намалена за 100 проценти и изнесува нула денари. Во ставката број 14 избришани се и доведено до нула средствата на ИНФО центарот за унапредување на односите помеѓу заедниците.

Навистина ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА! – Стои во постот на Иван Стоилковиќ.