дома Македонија Иван Јорданов дeнecкa oфициjaлно ја пpeземa фyнкциjaтa гpaдoнaчaлник нa Oпштинa Штип

Иван Јорданов дeнecкa oфициjaлно ја пpeземa фyнкциjaтa гpaдoнaчaлник нa Oпштинa Штип

Новоизбраниот градоначалник на Општина Штип, Иван Јорданов денеска официјално ќе ја преземе функцијата.

Според најавите, Јорданов напладне ќе го добие Уверението од страна на Општинска Изборна Комисија, а во 12:30 часот ќе се изврши примопредавањето на функцијата во Кабинетот на Градоначалник на Општина Штип.

Претходно Јорданов ќе присуствува на литургија во црква Успение на Пресвета Богородица во Ново Село, а потоа ќе пешачи од Ново Село до Општина Штип со неговиот тим.