дома Македонија ИВЗ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА ГО ПOCEДУВА ПОЛА СКОПЈЕ: Бараат 4 милиони квадратни...

ИВЗ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА ГО ПOCEДУВА ПОЛА СКОПЈЕ: Бараат 4 милиони квадратни метри земјиште и 42.000 квадратни метри во објекти!

Плацови каде што е изградена Судската палата, дел под Македонската телевизија, просторот на железничката станица, Универзитетот „Кирил и Методиј“, Народна банка, Националната библиотека, просторот по Црвен кртс се дел од 350 барања за враќање на имот со денационализација што ги поднела Исламската верска заедница, пренесува Експрес.

Од таму тврдат дека е вратен само 15 проценти од целиот имот на ИВЗ, 30 се оштетени со обврзници, а 55 проценти чекаат одлука.

Имотот било дземен со национализација по Втората светска војна, а сега дел од тој имот државата одбива да им го врати што во ИВЗ се дивува као – исламофобија.

„Ние бараме 4 милиони квадратни метри земјиште и 42.000 квадратни метри во објекти“ вели директорот за имотите на ИВЗ, Дритон Дикена.