дома Локално Ивица Коневски му ја честита победата на Златко Марин

Ивица Коневски му ја честита победата на Златко Марин

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Аеродром, Ивица Коневски, преку својот Фејсбук профил му ја честита победата на противкандидатот Златко Марин, од СДСМ.

„Дозволете ми на крајот од овие локални избори јавно да му ја честитам победата на мојот противкандидат Златко Марин и да му посакам успешна градоначалничка кариера“, напиша Коневски и додаде „Заминуваме со крената глава, затоа што создадовме многу за нашиот Аеродром“.