дома Македонија ИВОР МИЦКОВСКИ: Пуцко Петрол работи без лиценца!

ИВОР МИЦКОВСКИ: Пуцко Петрол работи без лиценца!

Според екс директорот на центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицковски фирмата која е рекордер во сума добиена преку државни тендери, Пуцко Петрол работи без лиценца. Имено таа заработила неверојатни 28 милиони евра минатата година на товар на државата односно како што вели Мицковски 12 милиони евра повеќе од времето на ДУИ-ВМРО.

-Пуцко Петрол фирмата на тендерската коалиција ДУИ-ВМРО, на градоначалникот на Пласница, Исмаил Јахоски, годинава под тендерската коалиција на ДУИ-СДСМ, заработил дури 28 милиони евра од тендери, односно 12 милиони повеќе од времето на ДУИ-ВМРО.
*Работи без лиценца, напиша на својот фејсбук профил Ивор Мицковски.