дома Социјални Мрежи ИВОР МИЦКОСКИ: Другари свесно го уништувате Водно

ИВОР МИЦКОСКИ: Другари свесно го уништувате Водно

Поранешниот директор на центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицковски и се обрати на својата сопартијка и актуелен министер за одбрана, Радмила Шекеринска. Тој вели дека Шекеринска го разбира проблемот со сечењето на шумата на Водно, ја разбира состојбата и бројките, што значи дека свесно и намерно го уништуваат Водно, за полнење на своите џебови и исполнување на својот личен интерес.

Мицкоски ја обвини власта за хипокризија,за префидност и лигавост, а во прилог тој постираше и видео кое како што вели ја рефлектира сета безобразност на власта.

Најстрашно е што Шекеринска знае за проблемот, ги има бројките, ја разбира состојбата. Значи вие другари свесно го уништувате Водно, за вашиот џеб и интерес, за вашиот криминоген партнер, за вашите дубиозни министри од бизнисот. Вие не сте само хипокрити, вие не се ни срамите да глумите демократи и чесни, додека перфидно ги правите истите штети како Груевски и компанија. Перфидни, лигави, ужасни.
Ова видео ја рефлектира сета ваша безобразност, вели тој.