дома Македонија ИВО КОТЕСКИ: Осум пратеници не го издржаа притисокот кој е вршен над...

ИВО КОТЕСКИ: Осум пратеници не го издржаа притисокот кој е вршен над нив со месеци, па ја изневериле партијата и сопартијците

Иво Котески Директор на центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ за „Правец“ вели дека Македонија се соочува со голем проблем во овој момент. Како вели, станува збор за големи промени и идентитетот кој Заев сака да го промени.

-Постојат различни информации и предлози. Некои сакаат да помине време и да постои договор кој ќе и помогне на Македонија да го продолжи својот пат а да не го промени името и идентитетот-вели Котески, пренесуваат српски медиуми.

Тој додал дека ситуацијата е комплицирана а дека во Собранието имало драма.

-Седницата беше закажана и не успеа да се обезбеди двотретинско мнозинство. По сето тоа, се гласаше во 22 вечерта. Цел ден траеше драмата и тензиите, а собранието беше обиколено со специјалци. Се она што не е по европски стандарди-објасник Котески.

Осум пратеници, додал тој, не го издржале притисокот кој е вршен над нив со месеци, па ја изневериле партијата и сопартијците. Тие го изневериле, вели Котески, и Македонскиот народ. Покрај притисокот на референдумот, притисок од Меркел, и многу официјални лица и членови на ЕУ, народот не дал легитимитет помеѓу премиерот Заев и Ципрас – истакнал Котески.

Сепак, факт е дека и премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, го поддржува влезот на Македонија во ЕУ и НАТО, иако ВБ пред две години почнала излез од ЕУ..

-Ние на ниту еден странски државник не можеме да му замериме тоа што го пропагираат-смета Котески, пишува пинк.рс. меѓудругото, додавајќи дека кажал и оти западните лидери бараат овој договор да пројде бидејќи ги интересира Република Македонија да пројде во НАТО и ЕУ, бидејќи тие не знаат колкава е цената на тој Преспански договор.

-Тие сакаат Македонија да нема пречки за членство, но не ги интересира која е цената која ние ја плаќаме со овој договор-објаснува Котески.

Котески верува дека Заев би бил принуден на вонредни и парлментарни избори, а анкетите покажуваат дека тој тогаш би бил поразен.

-Ние тогаш би имале најмногу ингеренции и би можеле да ги пропагираме своите ставови за кои се бориме-додава Котески.