дома Кујна ИДЕАЛНИ ЗА ПОЈАДОК: ПАЛАЧИНКИ БЕЗ БРАШНО

ИДЕАЛНИ ЗА ПОЈАДОК: ПАЛАЧИНКИ БЕЗ БРАШНО

Не постои возрасна граница за вистински љубители на вкусните палачинки. Овојпат со вас споделуваме рецепт, којшто е брз, лесен и едноставен и којшто не бара брашно за подготовка.

За овие палачинки потребно е: две банани, две јајца, 200 грама овесни снегулки, една лажичка мед, малку сок од лимон. Бананите се пасираат, па им се додаваат сите состојки и смесата за палачинки е спремна.

Подгответе го и премачкајте го со масло или путер омиленото тавче за палачинки и со лажица формирајте ги палачинките.

Декорирајте по желба.