дома Македонија ИДЕНТИТЕТ БЕТОН: Традиционална „Северномакедонска“ кујна на интернационалниот саем во Берлин

ИДЕНТИТЕТ БЕТОН: Традиционална „Северномакедонска“ кујна на интернационалниот саем во Берлин

Во Берли се одржува еден од најголемите и најстарите саеми за прехрана и производствени прехрамбени технологии во Европа, ако не и во светот – Grüne Woche Berlin. На овој саем може да се најде специјалитет буквално од секој дел на планетата.

На саемот учествуваше и Македонија. Но наместо македонски, беа претставени северно македонски производи. Бидејќи идентитетот ни е бетон. И не само тоа. Логично, би се очекувало на штандовите да се најдат нашите познати ајвар и сирење, светски признаените вина, и многу други специјалитети од нашата трпеза. Но, наместо тоа, на можеби најбедниот штанд на целиот саем имаше само бурек од Кадино. На настан кој беше поддржан од Министерството имаше само еден единствен претставник со еден единствен производ.

Ако ова не ја долови состојбата, можеби ќе ја доловат фотографиите во прилог.