дома Хроника Идентифиkyвани двајцата македонски туристи што се yдaвија во Драч

Идентифиkyвани двајцата македонски туристи што се yдaвија во Драч

Индентификувани се двајцата македонски туристи кои денеска на пладне се удавија на плажата Спиле, кај албанското пристаниште Драч.
Како што пренесува Топ чанел, станува збор за Ристе Дамковски (80) и Цветко Митановски(78) и двајцата од Битола, кои шест години по ред одмарале токму на оваа плажа.
Биле дел од група од 52-ца македонски туристи кои пред четири дена приситигнале во Драч.
-Откако ручале тројца од групата влегле во морската вода, но само еден од нив успеал да излезе жив. Една од жртвите, Митановски, боледувал од срцеви болести, наведува телевизијата.
Трагичниот настан се случил околу 11:25 часот на јавна плажа, на која немало набљудувач. Едно до телата го забележал набљудувач од соседната плажа, по што интервенирал а откако влегол во водата го забележал и другото тело.
Најпрво прсутните на плажата им дале дрцева масажа, но и на брзата помош, која веднаш стигнала, не и успеало да ги врати во живот. Првичните информации потврдуваат дека причината за смртта е срцев удар