дома Македонија ИЕ6 со најслаба излезност

ИЕ6 со најслаба излезност

Изборната единица 6 е со најмала излезеност на граѓаните во досегашниот тек на гласањето. До 19 часот во ИЕ 6 се излезени 35,78% од гласачите, покажуваат податоците на ДИК по обработени 464 од вкуипно 465 гласачки места. Единствени општини што ја надминуваат границата од 40% се Тетово и Јегуновце.

Во Општина Тетово од 84.454 граѓаните гласале 40,97 проценти додека во Јегуновце од 10.168 луѓе гласале 40,52 отсто запишани избирачи.

И понатаму општина Желино останува со најмала излезност на граѓаните. Од 23.926 граѓани само 28,16 отсто отишле да гласаат во едно од 35 избирачки места.

Во Теарце се бележат 36,42 проценти одѕив на граѓаните, а слична излезност е евидентирана во Боговиње со 32,10 отсто и Брвеница со 35, 34 проценти.