дома Политика Изберете обнова, наместо yгнeтyвaњe

Изберете обнова, наместо yгнeтyвaњe

Време е Македонија да добие Парламент кој ќе биде вистински дом на демократијата, Собрание кое ќе биде почитувано од сите граѓани на републиката, без разлика на нивната партиска, верска, етничка или било каква друга определба.

Вака, кандидатот за пратеник на Граѓанската опција за Македонија од коалицијата „Обнова за Македонија“ ги повика граѓаните на 15. јули (среда) да излезат на гласање и да го искористат, како што вели, основното човеково право, правото на избор. Ден кога ќе се бира помеѓу една „малцинска корумпирана елита“ и обнова на државата.

Пренџов ги повика граѓаните да го дадат својот глас за коалицијата „Обнова за Македонија“ и да го заокружат бројот 14. Избор кој ќе донесе економска обнова, просперитет и напредок на државата.