дома Македонија Избор на cyдии ширум државата: Оглас пред избори и вeтинг за 20...

Избор на cyдии ширум државата: Оглас пред избори и вeтинг за 20 cyдии

Судскиот совет на последната седница донесе одлука за објавување оглас за избор на судии во повеќе основни судови, како и на претседател на Апелациониот суд.

Со огласот се бараат 19 судии и тоа по еден за основните судови во Берово, Битола, Виница, Гостивар, Делчево, Кичево, Крушево, Охрид, Свети Николе, Тетово и Штип, двајца во Куманово и по тројца за Основниот кривичен суд и Основниот граѓански суд во Скопје.

Претседател на Апелационен суд се бара за во Битола.

Изборот на судии е закажан пред договорените вонредни парламентарни избори и пред спроведувањето на најавениот ветинг.