Избрани се новите членови на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На вечерашниот Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, партискиот лидер Христијан Мицкоски им предложил на членовите свикување на вонреден конгрес, но ваквиот предлог бил одбиен.

Мицкоски рече дека пред членовите на ЦК се осврнал на целокупното раководење со партијата од сите аспекти и била отворена дискусија.

Притоа, тој предложил вонреден конгрес поради барањата на поранешни членови и функционери за промена на раководството поради лошите изборни резултати, но тоа барање било одбиено од највисокото тело меѓу два конгреси – ЦК.

Избрани се новите членови на Извршниот Комитет, Александар Николоски, Владо Мисајловски, Иван Иванов, Сергеј Попов, Никола Мицевски, Гордана Димитриевска- Кочоска, Рашела Мизрахи, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Олга Лозановска, Дафина Стојановска, Вело Марковски, Трајко Славевски, Влатко Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски, Кирил Пецаков и Антонијо Милошоски.

Генералниот секретар Игор Јанушев од лични причини си поднел оставка, по што како што рече Мицкоски ќе се избере нов генерален секретар, претседател на унија на жени и на ветерани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This