дома Свет ИЗБРИШАНИ ОД ЛИЦЕТО НА ЗЕМЈАТА: Ирак прогласи тотална победа над терористичката организација...

ИЗБРИШАНИ ОД ЛИЦЕТО НА ЗЕМЈАТА: Ирак прогласи тотална победа над терористичката организација ИСИС

Премиерот на Ирак Хајдер ел Абади изјави дека ирачката војска остварила полна победа над терористичката организација ИСИС, како и дека во потполност е воспоставена контрола над границата со Сирија

„Нашите вооружени сили воспоставија полна контрола над ирачко-сириската граница, со самото тоа соопштуваме дека војната против ИСИС е завршена“, рекол Абади.

Абади оценува дека Ирак, благодарение на единството и одлучноста, успеа да го победи непријателот кој дошол „да ја уништи цивилизацијата“.

На крајот на ноември властите соопштија дека е успешно завршено ослободувањето на сите пустински делови на земјата, додека тогаш во тек била операцијата за чистење на терористите од границата со Сирија.