дома Социјални Мрежи ИЗБРКАНИ ПОСЕТИТЕЛИ ОД СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА: Поради несоодветно однесување кон животните избркани...

ИЗБРКАНИ ПОСЕТИТЕЛИ ОД СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА: Поради несоодветно однесување кон животните избркани 10 посетители

Десет посетители биле избркани денеска од Зоолошката градина во Скопје, поради непочитување на кодексот на однесување.

Денес избркани 10 луѓе поради хранење. Пцyена, кoлнeта ама ред мора да има, вели Тина Мицковска, задолжена за односи со јавноста, на „Фејсбук“.

Во скопската Зоолошка градина од средата се поставени табли со кодекс на однесување, со кој на посетителите им се укажува дека доколку ги хранат, вознемируваат или фрлаат ѓубре во животинските живеалишта можат да бидат казнети и отстранети од Градината.