дома Актуелно Избувнаа два нови пожари, еден во светиноколско и еден во село Светомирани,...

Избувнаа два нови пожари, еден во светиноколско и еден во село Светомирани, крушевско, информираат од ЦУК

Помошник-раководителот на Центарот за управување со кризи, Марија Милкова на денешната прес конференција информираше дека во 15:30 часот е избувнат нов пожар во светиноколско кај Богословски рид. Појасни дека пожарот е активен и оти на терен има припадници од противпожарните единици на Свети Николе и околните градови.

Исто така, нов пожар има во Крушево во село Светомирани, каде е запалено ѓубриште. Милкова наведе дека пожарот делумно е локализиран, меѓутоа се држи под контрола.