дома Свет Избeгната нecpeќа: Авионот во кој била потпpeтседателката на CAД поради дефekт морал...

Избeгната нecpeќа: Авионот во кој била потпpeтседателката на CAД поради дефekт морал да се врати на аеродром

Авионот во кој билa Камала Харис морал да се врати на аеродромот поради технички проблем, додека американската потпретседателка патувала за Гватемала, на нејзиното прво меѓународно патување.

„ Добро сум, добро сум“, увери Харис, крена два прста во воздухот и се насмевна по слетувањето, додавајќи сепак: „Сите сме се молеле накратко, но добро сме“.

Таа без многу одлагање долета во Гватемала со друг авион.

„ Тоа е техничко прашање. Ние не сме загрижени за безбедноста на поранешниот сенатор во Калифорнија”, рече нејзината портпаролка, Симоне Сандерс.

Новинар во авионот „Ер форс два“ ​​изјави дека за време на полетувањето се слушнал „необичен шум од опремата за слетување“.