April 19, 2024, 11:54 am

Избopи вo САД: Heмa кoнeчeн иcхoд, ce чeкaaт peзyлтaтитe oд шecт cojyзни држави

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И четири дена по претседателските избори во Соединетите Држави се уште нема конечен исход.

Последните бројки, кои и не сменети од завчера, се – 253 електори за Џо Бајден и 214 за Доналд Трамп. За победа се потребни најмалку 270.

Недостигаат резултатите за шест сојузни држави од кои ќе зависи крајниот резултат. Се бројат гласачките ливчиња во Алјаска, Аризона, Невада, Џорџија, Северна Каролина и Пенсилванија.

Откако најновите бројки покажаа дека Џо Бајден ја зголемува предноста во Пенсилванија и Џорџија, тој доцна синоќа се обрати до нацијата. Рече дека е убеден дека ќе победи во трката и тоа со јасно мнозинство.

Се уште не можеме финално да објавиме победа, но бројките јасно ни кажуваат дека ќе биде така

„Се уште не можеме финално да објавиме победа, но бројките јасно ни кажуваат дека ќе биде така… Целта на нашите политики… не е да разгоруваме конфликти туку да решаваме проблеми“ рече Бајден.

Во моментов разликата во Пенсилванија и во Џорџија е нешто под 30.000 односно околу 4.000 гласови во полза на Бајден.

Доналд Трамп не се појави во јавноста во петокот, неговиот изборен штаб испрати соопштение во кое стои дека „нелегалните гласови не треба да бидат изброени.“

Во него беа повторени ставовите на претседателот кажани ден претходно, кога тој изрази сомнеж за гласачките ливчиња пратени по пошта.

Ние победувавме во сите клучни места со голема разлика и тогаш бројките чудесно и таинствено почнаа да се менуваат.

„Ние победувавме во сите клучни места со голема разлика и тогаш бројките чудесно и таинствено почнаа да се менуваат“ рече Трамп во четвртокот.

И двата изборни штаба имаат претставници кои го набљудуваат процесот на броење на гласовите.

Разликата во Висконсин и Џорџија е многу мала, па веројатно ќе има пребројување.

Поддржувачите на претседателот бараат пребројување на гласовите и во Мичиген, а поднесени се жалби и во други сојузни држави како на пример Пенсилванија. Судовите во две сојузни држави веќе ги одбија жалбите.

Кампањата на Трамп обвинува за гласачка измама и најавува уште повеќе жалби, додека од кампот на Бајден порачаа дека овие тврдења се неосновани.

Законот предвидува дека сите судски спорови кои произлегуваат од изборите мора да бидат решени до 8 декември. На 14-ти декември 538-те електори треба да се состанат и да ги пренесат своите гласови со што официјално завршува оваа фаза од процесот. Инаугурацијата на претседателот треба да се случи на 20-ти јануари.

Инаку на национално ниво Џо Бајден има преку 74 милиони гласови, а Доналд Трамп 69 милиони. Гласале преку 150 милиони Американци со што излезноста на овие избори е највисока во историјата на Соединетите Држави.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This