дома Локално ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЈП „ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“: Утре без вода дел од ...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЈП „ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“: Утре без вода дел од Автокоманда

Поради изведување водоводен приклучок Ф-150 на ул. „Габреш“ број 6, утре без вода ќе бидат корисниците од улица „Ташко Караџа“, во скопската населба Автокоманда.

Како што соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прeкинато од девет часот до завршување со активностите.