дома Македонија ИЗВЕШТАИ НА НАБЉУДУВАЧИТЕ: Меѓународните набљудувачи денес ќе ги соопштат првичните наоди и...

ИЗВЕШТАИ НА НАБЉУДУВАЧИТЕ: Меѓународните набљудувачи денес ќе ги соопштат првичните наоди и заклучоци!

Меѓународните набљудувачи кои вчера го следеа првиот круг од Претседателските избори денеска на прес-конференција во Скопје ќе ги соопштат првичните наоди и зaклучоци.

Првичните наоди и заклучоци ќе ги објават Серен Мобурн, специјален координатор и шеф на краткорочните набљудувачи од ОБСЕ, Мари – Кристин Дало, шеф на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Рајнхолд Лопатка, шеф на делегацијата на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ОБСЕ ПС) и Корин Јонкер, шеф на набљудувачката мисија на ОДИХР за изборите.

Меѓународната мисија за набљудување на претседателските избори се состои од 240 набљудувачи од 38 држави, од кои 189 се долгорочни и краткорочни набљудувачи од редовите на ОБСЕ/ОДИХР, 39 парламентарци и друг персонал од ОБСЕ ПС и 12 од ПССЕ.