дома Македонија ИЗВРШИТЕЛИТЕ И НОТАРИТЕ ЌЕ ГО ПРИЈВУВААТ ИМОТОТ: Нотарите и извршителите ќе поднесуваат...

ИЗВРШИТЕЛИТЕ И НОТАРИТЕ ЌЕ ГО ПРИЈВУВААТ ИМОТОТ: Нотарите и извршителите ќе поднесуваат анкетен лист за имотна состојба

Новите измени на Законот за спречување на корупцијата, кои денеска го презентираше министерката за правда Рената Дескоска предвидуват годишна контрола на имотната состојба на претседателот и членовите на Државната комисија за спречување корупција – ДКСК, А се проширува и кругот на лица кои ќе поднесуваат анкетен лист до ДКСК.

-Покрај сите избрани и именувани, одговорни лица во јавни претпријатија, се предвидува и нотарите и извршителите да поднесуваат анкетен лист до ДКСК и УЈП и изјава за откажување од банкарска тајна, додаде Дескоска.

Освен тоа, се предвидува нов состав на Антикорупциска комисија, се прошируваат надлежностите на комисијата, и се менуваат условите за именување претседател и членови на ДКСК.

-Се прецизираат и зголемуваат надлежностите на Антикорупциска комисија, која ќе биде надлежна да го следи финансирањето на партиите. Во случај на сомневање за незаконито финансирање по соспствена иницијатива Дкск ќе презема мерки за утврдување на фактичка состојба, рече Дескоска.

Измените на законот се на јавна дебата, а министерката очекува што поскоро законот да се пушти во собраниска процедура.