дома Социјални Мрежи ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА ХЕЛСИНШКИ, УРАНИЈА ПИРОВСКА: ”Ќе си лежите!” Кој ќе лежи?...

ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА ХЕЛСИНШКИ, УРАНИЈА ПИРОВСКА: ”Ќе си лежите!” Кој ќе лежи? Типот што украде ќебапчиња! Јустиција не живее во Македонија

По синоќешното изгласување на законот за амнестија, извршниот директор на Хелсиншки комитет – Македонија, Уранија Пировска, реагираше на својот профил на Фејсбук.

Како што порача таа, правдата не живее во Македонија, а власта си ја презема улогата на делител на правдата.

”Ќе си лежите!” Кој ќе лежи? Типот што украде ќебапчиња! Јустиција не живее во Македонија. Во Македонија живеат луѓе што се помирија дека ќе живеат во неправда, но во мир? Не може да има мир без правда! Тоа беше и ќе остане мојот spiritus movens во сите битки за општество кое треба да обезбеди достоинствен живот на граѓаните. Власта си ја презема улогата на делител на правдата и со тоа ги премина границите до каде што може да оди во практикувањето на својата моќ.
Сега, освен што треба да си направиме масовно харакири, треба да разбереме дека и во услови на режим, многу внимателно треба да се бираат сојузниците во борбата за слобода. И така, борбата продолжува!,напиша Пировска на својот профил.

https://www.facebook.com/ninapirovska/posts/10213196718658614