дома Социјални Мрежи ИЗГУЖВАНА „КО МАРУЛА У ДЕЦЕМБРУ“, КАРМИН „КО МАМАС ПИНЏУР“: Модната кpитикa на...

ИЗГУЖВАНА „КО МАРУЛА У ДЕЦЕМБРУ“, КАРМИН „КО МАМАС ПИНЏУР“: Модната кpитикa на Миленко Неделковски за Зоран и Зорица Заеви

Никаков протокол, дрес-код еднаков на селска свадба од минатиот век, а и костимите кои се носеа не беа ниту испеглани.


Новинарот Миленко Неделковски на својот ФБ профил даде модна критика за премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица Заева кои на Генералното собрание на Обединетите Нации се појавја, според коментарите на социјалните мрежи, како на селска свадба.

„Изгужвана таа ко марула у децембру.“, вели Миленко, додавајќи дека карминот на Зорица бил како „Мамас пинџур“. Премиерот пак, со спуштени панталони кои се згужваа кај чевлите, и ракави од палто подолги од оние на кошулата. Како вреќа компир.

Ногавициве ко пантолони од постариот и повисок брат.
Изгужвана таа ко марула у децембру.
Сандалите ја стегаат, широко селско стапало за у бардовка.
Карминот ко мамас пинџур. – пишува Неделковски во својата модна критика на ФБ.