дома Хроника Изгacнат пожарот кај Велес во близина на Градската депонија

Изгacнат пожарот кај Велес во близина на Градската депонија

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Велес вечерва околу 21 часот го изгаснаа големиот пожар што избувна попладнето околу 17:30 часот во непосредна близина на автопатот Велес-Штип во близина на населбата Дурутовец и Градската комунална депонија.
– Пожарникарите спречија да се прошири пожарот и ги спасија викенд куќите, информираат за МИА од ТППЕ Велес.
Во пожарот беа вклучени 15 – тина пожарникари со четири теренски возила за гаснење пожари и еден камион-цистерна со вода