дома Македонија Изгopе плaнтaжа со лeшници во Вeвчани

Изгopе плaнтaжа со лeшници во Вeвчани

Вчера околу 15 часот, 65-годишниот П.А. од село Вевчани пријавил во полиција дека на местото „Суво поле“ настанал пожар во нива со садници со лешник, сопственост на фирма од Вевчани.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Струга и дека увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.

На 27.08.2021 во 15.10 часот во СВР Охрид, П.А.(65) од с.Вевчани пријавил дека околу 14,45 часот во с.Вевчани на место викано „Суво поле“ во нива со садници со лешник сопственост на фирма од с.Вевчани настанал пожар. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Струга. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга – се наведува во полицискиот билтен.