April 20, 2024, 11:08 am

(Видео)Изгope полициско возило во пожapoт во Гевгелија, зафатена е и граничната караулата на АРМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По четиричасовната борба со пламените јазици кои го зафатија шумскиот појас крај македонско-грчката граница, пожарот е ставен под контрола, инфоримираат од општина Гевгелија. Граничниот премин сѐ уште е затворен за сообраќај, а возилата се пренасочуваат кон Дојран

– Пожарот зафати огромна површина борова шума, а поради ветрот истиот се прошири до грчка територија, зафаќајки ја и граничната караулата на АРМ, каде опожарено е едно полициско возило.

Општинските власти посочуваат дека иако пожарот и натаму е активен, тој е локализиран. Во локализирањето на пожарот покрај противпожарната единица -Гевгелија, учествуваше и јавното претпријатие „Комуналец“ со механизација, како и граничната полиција и вработени од хотел „Фламинго“. На грчката страна во локализирањето беа вклучени и пожарникарите од Поликастро – се наведува во општинското соопштение.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This