дома Македонија ИЗДРЖИ ТАТО, ДОАЃА КРАЈОТ: Кој суди на судијата кој погрешно суди?

ИЗДРЖИ ТАТО, ДОАЃА КРАЈОТ: Кој суди на судијата кој погрешно суди?

„Слобода за тато“, „Издржи тато“, „Син ми не е терорист“, „Слобода за уставобранителите“, „Кој суди на судијата кој погрешо суди?“, „Доаѓа крајот“… беа само дел од паролите на вчерашниот масовен протест „Правда за уставобранителите, слобода за Македонија“.

Толпата граѓани маршираше од Влада до Собранието и извикуваше „Оставка“ и „Никогаш Северна, само Македонија“.

На протестот беше прочитана Декларација со барање за ослободување на осудените. Обвиненијата за тероризам на осудените за „27 април“, според организаторите на протестот, се политички монтирани.

Бараат од Врховниот суд да го поништи судењето, да ги укине пресудите и да има ново судење бидејќи, сметаат дека пресудите се базираат на лажни сведочења.