дома КОВИД-19 (Коронавирус) Излегување само во итни случаи: Целосен локдаун во Канбера поради само еден...

Излегување само во итни случаи: Целосен локдаун во Канбера поради само еден слyчај на ковид-19

Австралиската престолнина Канбера денеска влезе во седумдневен локдаун откако беше регистриран еден случај на коронавирус.

Така Канбера им се придружи на Сиднеј, Мелбурн и неколку градови во австралиската држава Нов Јужен Велс, кои се заклучени поради ширењето на сорти на делта, објави АП.

Жителите на Канбера можат да ја напуштат куќата само поради основните потреби или итни случаи, а продавниците за малопродажба ќе бидат затворени, додека угостителските објекти ќе можат да продаваат само храна за носење, соопшти главниот град.

Училиштата ќе бидат отворени за ученици кои не можат да останат дома.

Случајот со локален пренос е прв од 10 јули минатата година, во град со 460.000 жители, пренесува Танјуг.

Граѓанин на Канбера, маж на возраст од дваесет години, се зарази во Канбера, најверојатно во неделата, а денеска беше позитивен на тест, рече шефот на локалната здравствена служба.

Изворот на инфекцијата е непознат, а коронавирусот беше пронајден и во отпадните води во средата вечерта.