дома Култура Изложба „Моето Европско Скопје“

Изложба „Моето Европско Скопје“

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, вчеравечер во ЕУ Инфо центарот ја отвори изложбата на учениците од средните училишта на Град Скопје – „Моето Европско Скопје“, која се одржа во рамките на мултумедијалната манифестација „Денови на Европско Скопје“.


Јанчева, на изложбата иницирана во чест на Денот на ослободувањето на градот Скопје – 13-ти Ноември, а произлезена од конкурсот за фотографија „Моето Европско Скопје“, ги поздрави сите учесници на конкурсот и ги додели наградите на авторите на најдобрите фотографии.

Првата награда ја доби Ангела Мирческа од СУГС „Ѓорги Димитров“; втората Јана Димовска од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин; а третата награда Суфјан Полику од СУГС „Сарај“. Дипломи им беа доделени на Миа Велковска од СУГС „Јосип Броз Тито; Јован Петковски од СУГС „Никола Карев“ и Викторија Клечковска од СУГС „Васил Антевски-Дрен“.