дома Хроника ИЗМAМHИK СЕ ПРЕТСТАВУВАЛ КАКО ДИРЕКТОР: Му земал 4.000 евра за да го...

ИЗМAМHИK СЕ ПРЕТСТАВУВАЛ КАКО ДИРЕКТОР: Му земал 4.000 евра за да го вработи во Германија – се претставувал како директор!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, поднесе кривична пријава против Д.К. (31) од Неготино, за сторено кривично дело „измама”.

Во период од 19.09.2018 до 26.09.2018 година, со лажно претставување дека е директор кој раководи со проекти за вработување во Република Германија и дека ќе му обезбеди работа во Р. Германија, пријавениот довел во заблуда 42 годишно лице од село Моштица, Македонска Каменица и го навел во повеќе наврати на две трансакциски сметки на негово име да уплати парични средства, со што се стекнал со противправан имотна корист од 241.590 денари, околу 4 илјади евра.