дома Македонија Измeнeт peжим нa cooбpaќај yтpe вo Скопје – eвe кoи yлици ќe...

Измeнeт peжим нa cooбpaќај yтpe вo Скопје – eвe кoи yлици ќe бидaт зaтвopeни

По повод денот на независноста во централното градско подрачје во Скопје на 08.09.2021 (среда) ќе се одржи централна прослава “30 години независност”.

Поради генерална проба за настанот, на 05.09.2021 (недела), од 07,30 до 12,30 и од 15,30 до 20,00 часот затворени за сообраќај ќе бидат:

-бул.”Кочо Рацин” на потег од крстосницата со бул.”Кузман Јосифовски Питу” до ул.”Кирил и Методиј”.

– ул.“11 Октомври ” на потег од ул.”Крушевска Република” до ул.”Димитрие Чуповски”.

-ул.”Филип Втори” на потег од бул.”Гоце Делчев” до ул.”11 –ти Октомври”.

-Кеј “13–ти Ноември” на потег од ул.”Филип Втори “до бул.”Кочо Рацин”.

-ул.”Мирче Ацев” на потег од ул.”Филип Втори “до бул.”Кочо Рацин”.

-ул.”Димитрија Чуповски” на потег од порта Македонија до бул.”Климент Охридски” и

– ул.”Даме Груев” од крстосница со ул.”Македонија” до ул.”11-ти Октомври” Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по овие улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.