дома Спорт ИЗНЕНАДУВАЧКИ ТРАНСФЕР: Михтаријан се пресели од Арсенал во Рома

ИЗНЕНАДУВАЧКИ ТРАНСФЕР: Михтаријан се пресели од Арсенал во Рома

Иако беше само шпекулација, Хенрик Михтаријан денеска треба да стане фудбалер на Рома, откако искусниот фудбалер пристигна на медицински прегледи во Рим.

Кога сите мислеа дека Арсенал го комплетираше составот за претстојната сезона, челниците на лондонскиот клуб одлучија да се ослободат од Михтаријан. Тој ќе стигне во Рома на едногодишна позајмица, а италијанската екипа ќе може да го откупи следното лето за 10 милиони евра.