дома Спорт Изненадување на ракометниот мундијал: Катар ја елиминира Германија

Изненадување на ракометниот мундијал: Катар ја елиминира Германија

Нокаут фазата донесе многу изненадувања на Светското првенство во ракомет што се одржува во Франција. По Данска, елиминирана е и Германија, и тоа од Катар со 21-20, кој играше многу променливо во групната фаза.

Германците не одиграа според очекувањата, на полувремето заминаа со предност од 10-9, а и во вториот дел имаа и четири гола позитива (17-13). Но, во завршницата Шариќ бранеше извонредно на голот на Катар, на спротивната страна Капоте постигна два важни гола, прво за израмнување (20-20), а потоа и за водство на својата селекција. Германија не успеа да го реализира последниот напад, и тоа значеше огромен триумф за Катарците.

Рафаел Капоте со девет постигнати гола беше најдобар поединец во катарската репрезентација на оваа средба. Даниел Шариќ имаше 15 одбрани на голот на Катар, а на Германците не им помогнаа ниту 19-те одбрани на голманот Андреас Волф. Не беа расположени во нападот, а најефикасни со по четири гола беа Патрик Грецки и Холгер Гландорф.