дома Македонија Изолациjaта е cocтојба на yмoт „Џабиpe“

Изолациjaта е cocтојба на yмoт „Џабиpe“

Џабир Дерала е пример за тоа во Македонија како не треба да работи еден „новинар“, човек кој никогаш во својот живот не излегол на терен да постави прашање, да приготви прилог, да го заработи лебот туку целиот свој живот го помина по невладини „провладини“ организации, добивајќи разноразни грантови за да има некаква употребна вредност во политиките на одредени политички структури.

Вчера читам „анализирал“ како Христијан Мицкоски бил меѓународно изолиран на денот кога Македонија доби нокаут од Европската Унија која го премолче бугарскиот меморандум со кој веќе отворено се бара да се избрише постоењето на македонска нација и македонски јазик. „Џабире“ изолацијата е состојба на умот, поточно состојба на твојот ум кој не може да види подалеку од грантот кој го добил за да го напише нарачаниот текст.

Треба да видиш малку подалеку од грантот за да увидиш дека ако некој е во изолација тоа е Македонија која има затворени граници со половина соседи и со повеќе од половина свет кој нас не гледа како обични „короништа“. Изолацијата на Македонија е и во фактот што ниту една Европска држава не се огласи и не го осуди вчерашниот бугарски фашизам.

Се истрча да ги искритикуваш паролите на 10-тина „Комити“ на плоштад, а заборави да погледнеш во Чаир и Тетово и да слушнеш што пејат Шверцерите и Балистите, не го коментираше ниту „уметничкото дело“, „Умрете Македонци“.

Двојните стандарди се тие кои ја донесоа нашата држава до ова дереџе.

За крај едно прашања до „Првата борбена линија на лажните вести“, кој тоа е изолиран?!