дома Свет Израелската војска собори дрон упатен од Либан

Израелската војска собори дрон упатен од Либан

Израелската армија денес објави дека собори дрон што влезе во израелскиот воздушен простор од Либан.
Во соопштението се додава дека израелската армија ќе продолжи да го брани суверенитетот на земјата.

„Израелските одбранбени сили го следеа летот на дронот за време на инцидентот“, се вели во соопштението.

Агенцијата наведува дека летовите со беспилотни летала над израелско-либанската граница се чести поради конфликтот меѓу Израел и либанската група Хезболах.