дома Свет ИЗРАЕЛСКАТА ПОЛИЦИЈАТА БАРА АПСЊЕЊЕ НА НЕТАНЈАХУ: Со соопштение наведува дека има сигурни...

ИЗРАЕЛСКАТА ПОЛИЦИЈАТА БАРА АПСЊЕЊЕ НА НЕТАНЈАХУ: Со соопштение наведува дека има сигурни докази за корупција

Израелската полиција побара апсење за премиерот Бенјамин Нетанјаху , поради наводна корупција и затајување.

Во соопштението , кое беше објавено денеска се наведува дека полицијата има сигурни докази против неговата сопруга Сара . И претходно , во две судски истраги , полицијата на Израел предлагаше подигнување обвинение за премиерот.

Одлуката за приведување на Нетанјаху ќе треба да ја донесе државниот обвинител. Последниот случај на обвинение се однесуваше на истрагата за корупција поврзана со телекомуникациската компанија Безек , за договор тежок повеќе стотици милиони долари.

Истрагата ја опфаќа и поранешниот советник за медиуми на Нетанјаху и уште еден висок државен службеник. Двајцата како сведоци потпишаа нагодба со државата и осигураа докази во полициската истрага.