- Advertisement -
Палестинското Министерство за здравство објави дека девет лица биле убиени во појасот Газа за време на израелскиот напад. Според палестинските медиуми, меѓу загинатите има и три деца.
Израелската армија потврди ракетен напад врз Појасот Газа, и дека во тој напад беа убиени тројца припадници на Хамас, пренесе „Харец“.
Според „Јерусалим пост“, меѓу убиените припадници на Хамас е и еден од командантите, кој бил мета на израелската армија.